Досегашни соработници

Дел од нашите успешни приказни.

Работиме со компании од различни индустрии – retail, услуги, производство, образование, здравство, угостителство. Подолу се избрани case studies со целосна структура и детали.

Лого 1
Лого 2
Лого 3
Лого 4
Лого 5
uslugi.gov.mk – case study
Case Study Национално 46.000+ ваучери

Министерство за дигитална трансформација: uslugi.gov.mk и MK Safe Net

Брендинг · Социјални мрежи · Медиуми · Теренски настани · Институционален маркетинг
Интегрирана кампања за подигнување на јавната свест, зголемување на користењето на електронски услуги и едукација за дигитална безбедност – присутна дигитално, во традиционални медиуми и на терен.
uslugi.gov.mk MK Safe Net mdt.gov.mk

Контекст и предизвик

Министерството за дигитална трансформација на Република Северна Македонија го развива националниот портал uslugi.gov.mk, централизирана платформа за пристап до електронски услуги за граѓаните. Клучниот предизвик беше подигнување на јавната свест, зголемување на користењето на електронските услуги и градење доверба во дигиталните алатки на државата, паралелно со едукација за дигитална безбедност.

Нашата улога

ALL Media беше ангажирана како целосен маркетинг и комуникациски партнер на Министерството, задолжена за развој на бренд идентитет, стратешка комуникација, теренски активности и мултиканална промоција на порталот uslugi.gov.mk, како и за кампањата за безбеден интернет MK Safe Net, проект поддржан од Европската Унија и управуван од Министерството за дигитална трансформација.

Брендинг и визуелен идентитет

За потребите на порталот uslugi.gov.mk, ALL Media изработи целосен brand book и визуелен идентитет, со јасно дефинирани комуникациски и визуелни стандарди. Идентитетот беше применет на сите дигитални и физички материјали, обезбедувајќи препознатлив и конзистентен настап на национално ниво.

Маркетинг и комуникација

ALL Media го водеше целокупниот маркетинг и комуникација на порталот, вклучувајќи управување со социјалните мрежи, креирање информативни и едукативни содржини, развој на кампањи и координација на сите комуникациски активности. Посебен фокус беше ставен на јасна и разбирлива комуникација со граѓаните, со цел олеснето користење на електронските услуги.

Теренски промотивни активности

Организирани беа бројни промотивни настани низ повеќе градови во државата, меѓу кои Скопје, Битола, Прилеп, Охрид и други. На овие настани, граѓаните имаа можност директно да се информираат за функционалностите на порталот, додека вработени од Министерството, со логистичка и организациска поддршка од ALL Media, им отвораа кориснички профили, им помагаа при користење на услугите и им го зголемуваа нивото на безбедност на профилите.

Владина програма за вредносни ваучери

ALL Media беше маркетинг партнер и на владината програма за доделување вредносни ваучери за електронски услуги на студенти. Преку порталот uslugi.gov.mk беа подигнати и успешно реализирани над 46.000 ваучери, што претставува еден од најуспешните примери за масовно користење на електронски услуги во државата.

Продукција и медиумска кампања

За потребите на порталот и поврзаните кампањи, ALL Media реализираше повеќе видео и ТВ реклами, радио кампањи, како и изработка на промотивни материјали. Кампањата беше присутна на дигитални канали, традиционални медиуми и на терен, со цел максимален досег и информираност.

MK Safe Net – Национална кампања за безбеден интернет

Покрај порталот uslugi.gov.mk, ALL Media го реализираше и целокупниот маркетинг за кампањата MK Safe Net, национална иницијатива за дигитална безбедност, поддржана од Европската Унија и управувана од Министерството за дигитална трансформација.

Резултат

Со интегриран пристап, ALL Media придонесе кон значително зголемување на видливоста и користењето на порталот uslugi.gov.mk, подигнување на дигиталната писменост и зајакнување на довербата на граѓаните во електронските услуги.

Услуги

Брендинг и brand book, визуелен идентитет, маркетинг стратегија, управување со социјални мрежи, теренски промоции, организација на настани, видео и ТВ продукција, радио кампањи, ПР и интегрирани комуникации, институционален маркетинг.

CH Alpha – case study
Case Study ЈИЕ Ребрендинг

GELITA – CH Alpha: целосен ребрендинг и регионален настап

Brand book · Социјални мрежи · Видео/ТВ · OOH · Influencer · Спонзорства
Освежување и усогласување на визуелен и комуникациски настап на пазарите во Југоисточна Европа, со цел конзистентен, современ и препознатлив идентитет — целосно усогласен со глобалните стандарди.
Отвори проект

Предизвик

GELITA - CH Alpha, дел од реномирана германска групација, имаше потреба од целосно освежување и усогласување на својот визуелен и комуникациски настап на пазарите во Југоисточна Европа.

Нашиот пристап

ALL Media беше избрана како регионален маркетинг и креативен партнер, задолжен за развој и имплементација на новиот бренд идентитет и водење на целокупната маркетинг комуникација.

Услуги

Brand strategy, brand book, ребрендирање, визуелен идентитет, дигитален маркетинг, социјални мрежи, видео и ТВ продукција, influencer маркетинг, OOH и брендирање.

Doppel Herz – case study
Case Study Македонија Фармација

Допел Херц – целосна и доследна имплементација на бренд идентитет

Дигитално + теренски активности · Брендинг · Социјални мрежи · E-mail маркетинг
Доследна имплементација на глобалниот бренд идентитет во локална комуникација, со силен фокус на конзистентност низ сите канали и присуство на терен.
Отвори проект

Реализирани активности

  • Имплементација на бренд стандарди и комуникација
  • Управување со социјални мрежи и содржини
  • E-mail маркетинг кампањи
  • Теренски промоции и активности во аптеки
  • Брендирање на продажни места

Услуги

Маркетинг стратегија · Брендинг · Дизајн · Дигитален маркетинг · ПР · Теренски промоции

Доколку сакате да видите конкретни примери од ваша индустрија, испратете ни порака и ќе ви пратиме custom селекција.

Побарај примери